ЗМСТАМ

Добредојдовте на веб порталот на ЗМСТАМ 🇲🇰

Националното Здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на Македонија (ЗМСТАМ), им го честита 7 април – Светскиот ден на здравјето на сите здравствени работници како и на канцеларијата на СЗО во Скопје (WHO North Macedonia) и упатуваме голема благодарност за посебниот однос во изминатите години што имавме привилегија да соработуваме, преку учествa во различни групи и различни Вебинари.
Сестринскиот глас е присутен и на Светското здравствено собрание на СЗО кое се одржува на секои две години – Тријада во соработка со СЗО и Меѓународната конфедерација на акушерки, ИЦМ и Мегународниот совет на медицински сестри ИЦН.
Да продолжиме со градењето на сестринските и акушерски капацитети во образованието, регулативата, практиката и лидерството. Да придонесеме за развој на политиките, особено во однос на здравјето на работното место, безбедната практика и програмите за јавно здравје.
Глобалните стратешки насоки за медицински сестри и акушерство – 2021-2025 година, кои ги издаде СЗО да постанат Национални стратешки насоки за медицинските сестри и акушерки за подобрување на јавното здравје за сите.
А за да можеме да ја задржиме и одржиме сестринската и акушерската работна сила, само треба да се поддржат нашите барања за легислатива за обука и образование што ќе ни овозможи да напредувааме во професијата.

За нас

     Националното Здружение на Медицински Сестри, Техничари и Акушерки (ЗМСТАМ) е единствена професионална организација која ги претставува сестрите, акушерките и сестринството, промовира добра пракса и има за цел да придонесе во обликувањето на здравствените политики. ЗМСТАМ е најсилниот глас на сестринската професија. Седиштето на организацијата е во Скопје.

0
Години постоење
0
Секции
0 +
Членови
0
Интернационални партнери
pnevmofizioloski
logo - Psihijatriska sekcija_ZMSTAM
patronazni
gsmst
IMP
pedijatrija
nevro
akuserki
ORL

Секции

  ЗМСТАМ е составено oд многубројни секции, со свои членови и организациска структура, кои спроведуваат активности посветени на нивната област во здравството, со цел подобрување и унапредување на комуникацијата помеѓу колегите, спроведување средби , едукации и работилници, споделување на искуства и знаења итн.  

Публикации

ЗМСТАМ дава слободен пристап до нашите публикации, документи, кодекси, водичи и упатства.

Наши партнери

Контактирајте нѐ
Т: +389 2 3298 529
Ф: +389 2 3298 590

Даме Груев 28, Скопје 1000