Националното Здружение на Медицински Сестри, Техничари и Акушерки на Македонија (ЗМСТАМ) е единствена професионална организација која ги претставува сестрите, акушерките и сестринството, промовира добра пракса и има за цел да придонесе во обликувањето на здравствените политики. ЗМСТАМ е најсилниот глас на сестринската професија. Седиштето на организацијата е во Скопје.

Посветени да обезбедат соодветен сестрински и акушерски персонал со добри клинички вештини и образование, ЗМСТАМ е посветена да ги застапува интересите на сестрите и акушерките, како и на пациентите. ЗМСТАМ се залага за високи стандарди на сестринска и акушерска пракса, унапредување на положбата на сестрите и акушерките на нивното работно место, проектирање на позитивен и реалистичен поглед на сестринството и со лобирање во Парламентот и во ресорните министерства во врска со здравствени прашања кои имаат влијание врз сестрите, акушерките и целокупната јавност.

ЗМСТАМ е во предните редови на политичките иницијативи кои се однесуваат на реформите во здравствената заштита. Помеѓу приоритетните прашања се: донесување на Закон за здравствена и акушерска нега; признавање и вреднување на високото образование на сестри и акушерки, како и нивните специјализации вградени во колективниот договор, во согласност со Конвенцијата 149 на Меѓународната организација на трудот; воведување менторство во сестринската пракса; валоризација на искуството на сестрите со средна стручна подготовка, а кои имаат повеќегодишно специјализирано искуство на работното место; да се зголеми улогата на патронажните сестри во пружањето здравствена нега во заедницата и проширување на нивната улога во пружање на базична и примарна здравствена заштита.

Мисија и цели

  • Да се сочува достоинството на луѓето како човечки суштества,
  • Да се задоволат универзалните потреби на луѓето да го зачуваат доброто здравје и среќа, и
  • Да придонесе кон тоа луѓето да водат здрав животен стил

 

За да ја оствариме нашата мисија, ние имаме за цел да:

Го претставиме интересот на сестрите, акушерките и сестринството и да бидеме нивен глас на локално, национално и меѓународно ниво.

Да влијаеме и да лобираме на локално и национално ниво за да се развиваат и реализираат политики со кои ќе се подобрува квалитетот на нега на пациентите и со кои ќе се гради важноста на сестрите, акушерките и студентите по сестринство за реализирање на резултатите во здравството.

Да ја поддржиме и заштитиме вредноста на сестринскиот и акушерскиот персонал, работните услови во сите сектори на вработување и професионалните интереси на сестрите и акушерките

Ги развиваме и едуцираме сестрите и акушерките професионално и академски, ги градиме нашите ресурси на професионална експертиза и лидерство, како и науката и уметноста на сестринството и нашата професионална пракса

Градиме одржливо здружение, кое е водено од своите членови, со капацитет да ја оствариме нашата мисија на ефективен, ефикасен начин, во согласност со нашите вредности. Градиме системи, ставови и ресурси за најдобра можна поддршка и развој на нашиот персонал.