Професионалното здружување на медицинските сестри и бабици датира уште од првата половина на XX век. Со осамостојувањето на Р. Македонија во 1991,  сe формира национално Здружение на Медицински сестри ,Техничари и Акушерки на Република Македонија (ЗМСТАМ).

До тогаш имало само секција на медицински сестри во склоп на Сојузот на здравствени работници на Македонија и Друштвото на медицински сестри на Југославија.

Со влезот на Р. Македонија во Обединетите Нации, Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки станува член на регионалното биро за сестри и акушерки на Европа, EFNNMA и СЗО.

Во 1995 градиме мост со Данската сестринска организација, а во 1997 сме примени во ICN, меѓународниот совет на медицински сестри и стануваме Национално здружение на медицински сестри ,техничари и акушерки. Подоцна, ЗМСТАМ се приклучува во EFN и EMA.

Здружението е потписник на бројни меѓународни декларации кои се однесуваат на медицинските сестри и акушерки. Сеуште жив документ е и Минхенската декларација, чиј потписник е и нашето Министерство за Здравство (2000 г.) Декларацијата за ментално здравје е донесена 2004 г. во Скопје.

Реализирани проекти

  • ЛЕМОН проект (1995)
  • Ексклузивно доење (1996)
  • Рехабилитација на патронажната служба во РМ (2000)
  • Безбедно мајчинство, Кралски колеџ на акушерки (2009-2010)
  • Национална стратегија за безбедно мајчинство на РМ (2010)
  • Рехабилитација на патронажниот систем на РМ (2011)