Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на РМ, со поддршка на Министерството за здравство и Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, организирше Обука за обучувачи на тема Примена на Правилникот за формата и содржината на обрасците, како и начинот на пополнување, водење, обработување и чување на збирната евиденција наменета за следење на работата на поливалентна патронажна здравствена заштита за посета на бремени и породени жени и доенчиња.
Учесници на оваа обука за обучувачи беа искусни патронажни сестри. Сите учесници беа вакцинирани и се почитуваа сите мерки за заштита од КОВИД-19.
Обуката беше интерактивна и ја водеа експерти од управата за е – здравство при МЗ.

