Професионалното здружување на медицинските сестри и бабици датира уште од првата половина на XX век. Со осамостојувањето на Р. Македонија во 1991, сe формира национално Здружение на Медицински сестри ,Техничари и Акушерки на Република Македонија (ЗМСТАМ).
До тогаш имало само секција на медицински сестри во склоп на Сојузот на здравствени работници на Македонија и Друштвото на медицински сестри на Југославија.
Со влезот на Р. Македонија во Обединетите Нации, Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки станува член на регионалното биро за сестри и акушерки на Европа, EFNNMA и СЗО.
Во 1995 градиме мост со Данската сестринска организација, а во 1997 сме примени во ICN, меѓународниот совет на медицински сестри и стануваме Национално здружение на медицински сестри ,техничари и акушерки. Подоцна, ЗМСТАМ се приклучува во EFN и EMA.
Здружението е потписник на бројни меѓународни декларации кои се однесуваат на медицинските сестри и акушерки. Сеуште жив документ е и Минхенската декларација, чиј потписник е и нашето Министерство за Здравство (2000 г.) Декларацијата за ментално здравје е донесена 2004 г. во Скопје.
Реализирани проекти
- ЛЕМОН проект (1995)
- Ексклузивно доење (1996)
- Рехабилитација на патронажната служба во РМ (2000)
- Безбедно мајчинство, Кралски колеџ на акушерки (2009-2010)
- Национална стратегија за безбедно мајчинство на РМ (2010)
- Рехабилитација на патронажниот систем на РМ (2011)